More

    Ситуацијата во Сирија се усложнува, со вкупно над 24.000 загинати

    spot_img

    Повеќе од 24.000 луѓе загинаа, а десетици илјади се повредени во катастрофалниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија, објавија официјални извори на двете земји, а пренесе Си-Ен-Ен.Потрагата по преживеани заврши во сите области во Сирија кои се под контрола на бунтовниците, објави волонтерската организација Бели шлемови.

    Спасувачките служби во Турција се уште се обидуваат да извлечат преживеани од под урнатините и да успеат да пронајдат уште живи луѓе.

    Доставувањето помош до деловите на Сирија кои се под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата е комплицирано од долготрајната граѓанска војна.

    Сириската влада во петокот одобри испраќање помош во областа, но не кажа кога тоа ќе биде направено.

    Преживеаните, многумина бездомници, би можеле да доживеат „секундарна катастрофа“ бидејќи снегот и студот ги влошуваат и онака ужасните услови во кои живеат, соопшти СЗО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img