More

    Сите очи се вперени во најголемата нуклеарна централа во Европа

    spot_img

    Луѓето кои живеат во регионот Запорожје близу најголемата нуклеарна централа во Европа почнаа да ги напуштаат домовите. Тие ги слушнаа предупредувањата на украинскиот претседател Володомир Зеленски кој тврди дека Русите поставиле експлозив и дека се подготвени да предизвикаат локална експлозија. Украинската влада синоќа објави инструкции.

    Истовремено, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова денеска изјави дека Зеленски планира да ја нападне централа и дека „САД и Велика Британија тоа не го гледаат како опасност“.

    – Сепак, ниту еден агол на планетата нема да остане недопрен од овој напад, бидејќи има работи како атмосферата, светските океани и земјоделството. Ако нешто се случи, тоа ќе влијае на сè – воздухот, водата и храната. Зеленски сака да го искористи овој фактор за своите екстремистички терористички цели – додаде Захарова без да наведе докази за нејзините тврдења.

    Гардијан пишува дека Зеленски изјавил дека „објектите кои личат на експлозиви“ се поставени на крововите на згради во склоп на централата.

    Извори на Скај Њуз на теренот велат дека забележале намалување на патролите, а украинското воено разузнавање вели дека верува оти Русите делумно се повлекле од централата. Се шпекулираше дека ова е знак дека Русите планираат да направат инцидент таму.

    Добрата вест е што Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) пред неколку дена објави дека нема знаци дека во електраната бил поставен експлозив.

    Најголемиот нуклеарен ризик во Запорожје е од прегревање на нуклеарното гориво, што може да се случи ако се прекине електричната енергија што ги работи системите за ладење или ако нема доволно вода за снабдување на тие системи.

    Исто така, во централата има складиште за потрошено гориво и базени за потрошено гориво на локацијата на секој реактор, од кои вкупно има шест. Ако им снема вода, водата би испарувала и температурите би се покачиле, ризикувајќи пожар кој би можел да ослободи бројни радиоактивни изотопи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img