More

    Сите карти фрлени на Олимписките игри во Париз

    spot_img

    Годинашното издание на култниот лондонски грен-слем на терените на Вимблдон ќе биде без две големи имиња на светскиот тенис. По Новак Ѓоковиќ кој нема да игра на Вимблдон поради повредата на коленото, настапот на лондонскиот турнир го откажа и Рафаел Надал.

    Шпанскиот ас по елиминацијата на стартот на Ролан Гарос реши да го прескокне Вимблдон, се со надеж дека ќе успее да стигне што подалеку на Олимписките игри во Париз.
    Неговата одлука ја откри селекторот на шпанската репрезентација, Давид Ферер, откако го објави списокот на играчи за настап на Олимпијадата.

    – Надал на подготовките ќе дојде во добра кондиција. Тој исто така стекна одредена самодоверба по Ролан Гарос. Вимблдон? Рафа нема да оди на Вимблдон – изјави Ферер.

    Ваквата можност Надал ја најави по раната елиминација на Ролан Гарос, пред сѐ поради барањата на кои телото е принудено да се прилагоди за релативно краток временски период, а тоа е преминот од земја, како најбавна, на трева, што е најбрзата подлога во светот на тенисот.

    – Мислам дека е тешко да се направат транзиции од земја на трева и назад, кога е време за Олимписките игри. Мислам дека не би било паметно да направам толку големи промени од една на друга површина – изјави Надал.

    На ОИ во Париз, Надал треба да настапи во сингл и во двојки, заедно со Карлос Алкараз. Засега сѐ уште е неизвесно дали по Олимпијадата неговиот професионален пат ќе продолжи на некој друг турнир или тоа ќе биде крај на една феноменална тениска кариера.

    Рафаел Надал во својата кариера има две златни олимписки медали, првиот го освои во поединечна конкуренција на ОИ 2008 во Пекинг, а другиот во конкуренција на двојки заедно со Марко Лопез на ОИ 2016 во Рио.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img