Сите јавни инвестиции над 120 милиони денари или 2 милиони евра ќе поминуваат филтер во Министерството за финансии и ќе бидат одобрувани од Владата со цел да се надмине состојбата на појавување проблеми во подоцнежната реализација

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Сите јавни инвестиции над 120 милиони денари или 2 милиони евра ќе поминуваат филтер во Министерството за финансии и ќе бидат одобрувани од Владата со цел да се надмине состојбата на појавување проблеми во подоцнежната реализација.

Ова е предвидено со измени во Законот за буџети, а со цел да се креираат проекти кои ќе можат да се реализираат, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Димитриеска-Кочоска вели дека има многу наследени проекти од претходната Влада кои сега се прекинуваат поради објективни проблеми.

– За жал многу од проектите што ги наследивме и за кои очекувавме дека ќе има реализација ги прекинуваме во овој период поради објективни проблеми. Како на пример  се раскинува договор заради откриена  фалсификувана банкарска гаранција – вели Димитриеска-Кочоска и додаде дека кај одредени проекти има и забрзана динамика.

Таа очекува годината да се заврши со реализација на околу 550 милиони евра капитални инвестиции. Тоа е околу 70% од планираното, но важно е дека станува збор за реализација на реални капитални инвестиции.

– Во 2021 година капитални расходи се реализирани во износ од 400 милиони евра, во 2022 во износ од 450 милиони евра, во 2023 година 700 милиони евра. Но, во овие средства се и трансферите кон ЕСМ од кои потоа беа исплаќани плати, како и авансни плаќања за одредени проекти. Оваа година ќе завршиме со капитални расходи околу 550 милиони евра но тоа се реални капитални расходи – вели Димитриеска-Кочоска.

Во однос на реализацијата на Буџетот, министерката вели дека се одвива согласно планираното.

– Приходите од ДДВ ќе бидат над планот, од Данокот на личен доход  согласно планот, кај Данокот на добивка ќе има реализација 98-99 отсто. Придонесите ќе имаат 100 отсто реализација. Буџетскиот дефицит ќе биде понизок – потеницира Димитриеска-Кочоска.

Таа информираше дека нема да има промени во даночната политика и дека единствената промена е усогласувањето со минималниот корпоративен данок.

- Advertisement -
Ad image

Според министерката, треба да се работи на подобрување на целокупниот животен стандард на граѓаните, кое што не опфаќа само раст на плати и пензии, туку вклучува и подобри услови во образованието, здравствениот сектор, инфраструктура и слично.

– Платите во јавниот сектор ќе се усогласат согласно законските прописи и за тоа се предвидени средства, а во контекст на склучувањето на колективни договори – рече министерката за финансии и додаде дека се одобрени онаму каде што буџетските корисници предвиделе средства за раст на платите во рамки на одобрените лимити.

Таа зборуваше и за користењето на парите од заемот од Унгарија кој е наменет за општините и приватниот сектор. При тоа посочи дека Владата на крајот на ноември  донесе одлука за условите за користење на парите во приватниот сектор и дека во моментов се чека Развојната банка да го финализира производот  по што парите ќе се пласираат од деловните банки кон крајните корисници.

- Advertisement -
Ad image

За парите наменети за општините, рече дека процесот се одвива како што беше планиран и дека веќе се вршат исплати по одредени проекти кај кои има реализација.

Share This Article