Синот на поранешниот премиер Зоран Заев, основал претпријатие за производство на електрична енергија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Според порталот фактор, Душко Заев, синот на поранешниот премиер Зоран Заев, основал претпријатие за производство на електрична енергија.

Синот на Заев е 18-годишен тинејџер, а компанијата која ќе ја раководи го носи името „Тотал енерџи“ со седиште во Струмица.

Колку што е познато, фамилијата Заеви поседува бизниси во повеќе дејности, но ова е прв пат да бидат поврзани со производство на електрична енергија.Префиксот „Тотал“ го носат уште две компании во кои стонастотен сопственик е Вице Заев, братот на поранешниот премиер, а тоа се „Тотал инженеринг“ и „Тотал електрик“. Најпозната компанија на Заеви е „Тргопродукт“ и фирмата-ќерка „Мамас“.

Семејството Заеви заедно со своите партнери главно делуваат во градежниот бизнис, но се занимаваат и со транспорт, малопродажба, трговија.

Заев на крајот на минатата година ја депонираше оставката од функцијата претседател на Владата до Собранието. Во писмениот документ што беше испратен со собранискиот спикер беше образложено дека за ваквата одлука се решил по исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати.

Претседателот Стево Пендаровски минатата недела изјави дека Заев веќе му се вратил на бизнисот во Струмица.

Share This Article