Синот на Новак Ѓоковиќ седнат на скалите гордо чека неговиот татко да заврши

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новак Ѓоковиќ имаше посебна поддршка на годинешниот Ролан Гарос на кој ја освои рекордната 23. Грен слем титула.  Заедно со сите членови на тимот и навивачите, таму беше и неговото семејство. Неговиот син Стефан, посебно уживаше и не пропушти ниеден момент да биде покрај својот татко. Тој го придружуваше на тренинзите во теретана, навиваше на мечевите, а не ја пропушти ни прес-конференцијата на Ѓоковиќ по освојувањето на титулата

Додека Новак одговараше на новинарските прашања, осумгодишниот Стефан трпеливо го чекаше својот татко. Фотографијата на денот ја објави Тјери Губер, еден од клучните луѓе на „Лакоста“, кој успеал да го „улови“ посебниот момент додека синот на Ѓоковиќ седи на скалите и гордо гледа во својот татко додека тој одговараше на прашањата.

 

„Најдобрата слика на денот. Стефан го гледа својот татко. Изгледа толку гордо“, напиша Тјери Губер.

Новак Ѓоковиќ по трет пат славеше на Ролан Гарос што беше негова рекордна 23. Грен слем титула во кариерата што го враќа на врвот на АТП листата.

Share This Article