More

    Синот на Нетанјаху ја критикуваше војската, набргу доби одговор

    spot_img

    Јаир Нетанјаху(32), синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, предизвика многу реакции откако во саботата вечерта на својот канал Телеграм ги критикуваше израелските одбранбени сили (ИДФ), но исто така и судовите и медиумите во Израел, пишува Ерусалим Пост.

    Јаир, кој се пресели во Мајами претходно оваа година и остана таму и покрај војната во Израел, сподели клип за тоа „како Високиот суд ги промени безбедносните аранжмани и упатствата за отворање оган на границата на Појасот Газа“.

    Со други зборови, видеото сугерира дека тоа што Високиот суд во Израел променил одредени правила за ангажманот на армијата на границата со појасот Газа е причината зошто терористите на Хамас успеале да се приближат до граничната ограда и да го изненадат Израел со нападот од 7 октомври – напад со кој започна војната.

    Исто така, синот на Нетанјаху сподели и еден напис за тоа како војниците во армијата со месеци пред нападот предупредувале дека Хамас планира да нападне, но дека командантите во војската ова го игнорирале.

    Организацијата на резервистите на ИДФ, „Браќа по оружје“, набрзо му одговори на Јаир:

    „Треба да ги погледнете фактите. Ароганцијата ти припаѓа тебе, додека вината е на твојот татко. Заврши ерата на вашето злонамерно влијание. Ние стоиме обединети со мажите и жените кои ги ризикуваат своите животи за да ја заштитат нашата земја, од која вие избегавте. Ги разбираме фрустрациите и желбите на вашиот татко – цел народ разбира. Меѓутоа, вечерта кога тагувавме за загубата на осум војници, ќе беше подобро да молчевте.”

    Јаир има околу 14.000 следбеници на социјалната мрежа Телеграм. Во своите објави тој меѓу другото, ги обвини и безбедносните служби дека ја „протуркале“ одлуката да се носи дизел гориво во Газа. Од друга страна, тој ги нападна новинарите во Израел дека поставувале политички прашања и дека спроведувале анкети за тоа како паѓа поддршката на партијата на неговиот татко – владејачката Ликуд.

    Јавноста во Израел жестоко го критикуваше Јаир дека останал во САД наместо да се бори во војната како десетици илјади Израелци од целиот свет кои се вратија дома. Неговиот татко на една пресконференција прашан во врска со ова објасни дека Јаир волонтира во САД и дека купува опрема за војската и за службите за итни случаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img