Синот на Драгана Мирковиќ е доста атрактивен, привлекува внимание каде и да се појави

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Српската музичка ѕвезда Драгана Мирковиќ секогаш се трудела својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста.

Меѓутоа, откако објави дека се разведува од бизнисменот Тони Бијелиќ по повеќе од две децении брак, јавноста не престана да се интересира за деталите од нивното семејство.

Драгана и Тони во бракот добија две деца – синот Марко и ќерката Мануела, кои ретко се експонираат во јавноста. Сепак, тие се најголемата поддршка на својата мајката во текот на распадот на бракот.

Марко во последно време не се разделува од мајка си, па сега сè почесто се гледа во јавноста, но и на нејзините социјални мрежи. Бидејќи Марко е доста атрактивен, привлекува внимание каде и да се појави.

Така било и во еден клуб на настапот на Драгана, каде Марко бил во публиката и го привлекол вниманието на женскиот дел.

Марко се забавувал со пријателите со хитовите на мајка му, а девојките цело време му приоѓале и додека некои го гледале од далеку, имало и такви кои сакале да му се приближат, па дури и да се фотографираат со него.

Наследникот на Драгана ги поздравувал сите со насмевка, а без збор се согласил и да се фотографира. Ова видео почна да кружи низ социјалните мрежи, по што следуваа бројни коментари.

„А зошто сега публиката на Драгана повеќе се слика со синот отколку со неа“, „Кукла“, „Каков е…!“, „Момчето е толку убаво и културно“, „Драгана, браво за синот“ , напишале корисниците на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Share This Article