More

    Синоптичарите за наредните денови најавуваат суво и многу студено време со ниски температури и услови за појава на магла

    spot_img

    Синоптичарите за наредните денови најавуваат суво и многу студено време со ниски температури и услови за појава на магла. Најстудено ќе биде во понеделник и вторник наутро.

    Од понеделник до средината на неделата, времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури. Наутро, температурата насекаде ќе биде негативна и наместа, пред сѐ во Малешевијата, ќе се спушти и под минус 15 степени.

    Дневната температура во следните денови постепено ќе се зголеми и од среда, во најголем дел од местата, ќе биде над нулата.

    Во Скопје, утринската температура на почетокот од работната недела во делови од регионот ќе се спушти и до минус 15 степени.

    Поради многу студеното време, формираната снежна покривка нема да се менува многу.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img