Синоќа во 19 часот во СВР Битола било пријавено дека во националниот парк Галичица во снег има заглавени странски државјани.
Полициски службеници и екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен и од стражарска служба Галичица излегле на терен и во 19.50 часот лицата биле пронајдени, извлечени од снегот и биле безбедно упатени до граничен премин Стење.
Констатирано е дека се работи за четворица косовски државјани кои биле со патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со косовски регистарски ознаки.