More

    Синдром на нервозно дебело црево кај децата и како да го препознаете

    spot_img

    Синдромот на нервозно дебело црево е хронично нарушување кое го зафаќа дебелото црево и предизвикува болни симптоми во абдоменот и цревата.

    Иако точната причина за ова нарушување не е позната, луѓето може да почувствуваат симптоми поради одредени проблеми со варењето на храната, екстремна чувствителност на внатрешноста на цревата, зголемен стрес или премногу бактерии во цревата.

    Но, како да се препознае синдромот на нервозно дебело црево кај децата?

    Имајќи предвид дека децата често велат дека ги боли стомакот за да избегнат одредени задачи или училишни обврски, многу родители не ги сфаќаат сериозно нивните симптоми, предупредуваат педијатрите, пренесува Index.hr.

    Симптомите на секое дете може да варираат и го вклучуваат следново:

    – стомачни болки кои постојано се враќаат или траат подолго

    – промени во навиките на дебелото црево, како што се дијареа или запек

    – гадење

    – чувство на вртоглавица

    – губење на апетит

    – надуеност и грчеви

    – зголемена потреба за празнење на цревата

    – слуз во столицата

    Педијатрите предупредуваат дека симптомите на синдромот на нервозно дебело црево кај децата може да изгледаат како други, помалку сериозни здравствени проблеми, поради што е важно вашето дете навреме да се однесе на лекар за да се добие точна дијагноза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img