Синдикатот на полицијата го тужи МВР и неколку одговорни лица

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Синдикатoт на полиција на Македонија поднесе кривична пријава против неколку високи функционери и службеници на МВР и против самото МВР како правен субјект, затоа што не уплаќале за животно осигурување и осигурување при работа на вработените во ова министерство, што е спротивно на Законот за внатрешни работи и претставува кривично дело од Кривичниот законик и Закон за инвалидско и друг вид на осигурување.

ДО Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава за помошник на министер во оддел за општи и заеднички работи, началник на сектор за набавки, менаџмент и логистика, началник на одделение за јавни набавки и примена на стандарди во МВР, други одговорни лица во Министерството за внатрешни работи и против правното лице „Министерство за внатрешни работи“.

Во пријавата тие се товарат за основано сомнение дека сите заедно, како одговорни лица сториле кривично дело „Повреда на правото од социјално осигурување“ по член 167 ст.1 и став 2 од КЗ и/или други кривични дела кои се гонат по службена должност.

„Пријавените во временскиот период од 24.08.2022 година до денес, свесно не се придржувале кон Закон за инвалидско и друг вид на осигурување и со тоа повредиле и одзеле право на работниците, односно на вработените во МВР, што им припаѓа, на начин што постапиле спротивно на член 156 од Законот за внатрешни работи и свесно и намерно не презеле соодветни мерки, анализи и други активности на долгорочен план и не ги осигури работниците во Министерството за случај на смрт, телесно оштетување, или губење на работната способност, со што постои основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело „Повреда на правото од социјално осигурување“ по член 167 ст.1 и став 2 од КЗ.

Пријавените кои имаат својство на службени лица, односно како лица кои се одговорни во пријавеното правно лице, во делот на водење постапки за осигурување на работниците за случај на смрт, телесно оштетување или губење на работната способност, навремено не презеле соодветни мерки и активности со цел да ги осигураат работниците на МВР, поради што во временскиот период од 24.08.2022 година до денес, работниците во МВР останале без правото од задолжително осигурување во случај на смрт, инвалидитет, телесно оштетување и друго а со тоа на работниците кои имаат право на ова осигурување предизвикале материјална штета“ – се вели во соопштението на Синдикатот.

Share This Article