Синдикатот на медиумски информативни агенции (СМИА) е нов член на Сојузот на синдикати на Македонија. Барањето е едногласно прифатено од страна на Претседателството и Советот на ССМ како највисоки тела.
– ССМ како единствен репрезентативен синдикат во јавниот сектор и во приватниот сектор секогаш застанува во одбрана на работниците и своите ставови ги искажува јавно и транспарентно и се залага и бори за сите работници во сите сектори вклучително и во секторот на Медиумските информативни агенции што е препознаено и од Синдикатот на Медиумски Информативни Агенции – СМИА. Поради потребата од заштита на работниците во Медиумски информативни агенции, ССМ заедно со Синдикатот на Медиумски Информативни Агенции – СМИА секогаш ќе стојат во одбрана на работнички права на новинарите и вработените во медиумите, а работниците слободно ќе можат да ги искажат своите ставови и заедно со СМИА и ССМ да ги остварат своите права – посочуваат од ССМ.
Членови на СМИА можат да бидат лица вработени во дејностите од медиумскиот сектор и други дејности, а СМИА е доброволна и независна организација која се бори за остварување, унапредување и заштита на економските, социјалните, работно-правните, професионалните и другите права и интереси на своето членство.