More

    Синдикалците остануваат на својот список на желби

    spot_img

    Сојузот на синдикати на Македонија ќе ги разгледа антикризните мерки што ги претстави денеска премиерот Димитар Ковачевски и ќе го изнесе својот став на седницата на Економско-социјалниот совет во среда следната недела, најави вечерва Дарко Димовски, претседател на ССМ.

    Во коментар за мерките, Димовски во гостување на ТВ Сител вечерва рече дека „никаде не ги слушнале работниците”.

    – Владата треба да знае дека треба да се помогне на работниците кои земаат пониски плати. Ова што го слушнавме ќе го изанализираме и на Економско социјалниот совет во среда, ќе дадеме свои препораки и барања – рече Димовски.

    Тој потенцираше дека е потребна добра методологија што ќе овозможи платите да го следат порастот на инфлацијата и на синдикалната минимална потрошувачка кошничка.

    ССМ останува на петте барања што ги упатија до Владата.

    – Премиерот кажа дека никој нема да оставиме сам да се справи со кризата. Еве, ние работниците сме оставени. Во кој дел сме ние тука помогнати јас не знам и ќе прашам на Економско социјалниот совет – рече Димовски.

    Барањата на ССМ се однесуваат на доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата, продолжување на важењето на досегашни анти-кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти, како и проширување на повеќе прехранбени продукти, но и бесплатен градски превоз до и од работа.

    Исто така, ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза односно да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (50.224 денари).

    Владата денеска промовираше нов сет мерки за справување со енергетската и ценовната криза, вреден над 350 милиони евра. По 3.000 денари месечно во наредните четири месеци, или вкупно 12.000 денари, ќе примаат 42 000 граѓани од ранливи категории. Директна финансиска поддршка ќе има и за пензионерите приматели на најниски пензии: над 91.600 пензионери кои примаат до 11.525 денари пензија ќе бидат помогнати со по 1.500 денари месечно, односно вкупно 6.000 денари за четири месеци. Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари е обезбедена за пензионерите кои земаат пензија од 11.525 до 14.000 денари, односно за над 66.000 пензионери.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img