More

    Синдикалната кошничка станува попразна, а за февруари изнесува 57.476 денари

    spot_img

    На едно македонско семејство му требаат минимум околу 1.000 евра за да може да го преживее месецот, а доколку нема сопствен дом и плаќа кирија, тогаш не му стасуваат ниту 73 илјади денари за да ги подмири основните трошоци.

    Јазот меѓу приходите и потребите на граѓаните е драстично зголемен во изминатите 14 години, но најдраматичен е растот во последните две години. Во јануари 2022 година потрошувачката кошничка изнесувала 35.811 денари. Во јануари 2024 година таа надминала 57 илјади денари. Тоа е раст на цените од речиси 60 проценти за 24 месеци.

    Ако се има предвид дека во ноември 2023 година, според последните пресметки на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 38.359 денари, тогаш на едно четиричлено семејство, со само еден вработен, му недостигаат над 19 илјади денари за да може да преживее.

    Минималните трошоци од над 73 илјади денари за семејство кое живее по кирија можат да се подмират само под услов да работат двајца во семејството и да земаат плата од околу 36 илјади денари. Со оглед на тоа дека минималната плата во државата е 20.175 денари, пари стигнуваат само за храна и режиски трошоци и ретко останува некој денар за да се подмират другите потреби.

    За споредба, во декември 2010 година, кога Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за првпат објави податоци за синдикалната кошница, таа тежела 29.199 денари, а декемвриската просечна нето-плата била 21.454 денари. Разликата меѓу кошницата и просечната плата пред 14 години била 7.745 денари.

    За да се прехрани едно 4 члено семејство месечно се даваат и до 21.219 денари.

    Освен за храна, најмногу пари, според пресметки, одат за подмирување на месечните сметки, школување, превоз и облека.

    Минимална синдикална кошничка

    – Храна и пијалаци 21.219

    – Облека и обувки 4.902

    – Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.014

    – Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 1.797

    – Здравје 1.115

    – Транспорт 4.956

    – Комуникации 2.473

    – Рекреација и култура 4.245

    – Образование 7.022

    – Ресторани и хотели 3.733

    – Останати стоки и услуги 950

    Минималната плата сега изнесува 20.175 денари, а според најавите во март годинава таа треба да се зголеми на 22.500 денари, а во тек се пресметките и за зголемување на минималната пензија. Граѓаните од ранливите категории и оние со ниски пензии, во моментов ја користат неколку месечната помош од 9-тиот пакет антикризни мерки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img