Синдикална реакција на изјавите на Ковачевски и Мицкоски

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Недозволиво е во државава главните начини за излез од било која криза да бидат на грбот на работниците, на грбот на оние кои ја изградиле државата, на грбот на оние кои со својот глас ги избираат Владините и локалните функционери, реагира Сојузот на синдикатите на Македоанија.

Според ССМ,  70.000 негови членови се непријатно изненадени од последните изјави на претседателот на Владата Димитар Ковачевски и претседателот  на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кои  заговараат и бараат уназадување на работничките права, едниот планира преку намалување на платите да намалува трошоци, а другиот ќе троши вишоци на струја но сите работници да работеле во недела иако е недела е неработен ден за 92% од работниците.

– Владата на која и се случува генерален штрајк во јавниот сектор кој се уште трае онаму каде што истата не ги зголемила платите, сега планира да штеди и да им ги намали платите на работниците, во услови на 18,7% инфлација и до 100% зголемени цени на основните прехранбени производи и на тој начин дополно да ги осиромаши своите граѓани и работниците за дополнителни 10%, а се поради тоа што владеачката партија СДСМ односно Владата не ги зголеми платите на работниците, а опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите на локално ниво, а истото го сторија и други совесни граночалници и други политички партии онаму каде што имаат функционери – велат од ССМ.

Оттаму реагираат и на изјавата на Мицкоски ноќните вишоците на струја на ЕСМ и оние кои се произведени во недела да ги користат домашните компании..

-Од друга страна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како една од  главните мерки за надминување на енергетската криза предлага да се укине недела неработен ден иработниците да работеле во недела оти имало вишоци на струја, а работодавачите да бирале сами  друг ден во неделата за неделен одмор, а уште пострашно е што ваквата изјава доаѓа по произнесувањето и на судиите од Уставниот суд дека ова право недела да биде ден за неделен одмор требало многу порано да биде утврдено на работниците и како такво задолжително мора да остане во примена – велат од ССМ.

Според ССМ, Ковачевски и Мицкоски веројатно сметаат дека работниците им се само гласачка машинерија и дека работниците не се свесни за нивните работнички права и не се свесни за нивната моќ.

TAGGED:
Share This Article