More

    Општинските каси се попразни за повисокиот процент од ДДВ и персоналниот данок

    spot_img

    Општините заедно со своите јавни претпријатија на крајот на минатата година имаа долг од 127, 4 милиони евра. Само нивните администрации должеле 69 милиони евра, а нивните јавни претпријатија 58,4 милиони евра. Проблемот на финансиската стабилност на општините со години останува непроменет и покрај напорите на партиите на власт од осамостојувањето, да донесат некакво системско решение кое ќе ја промени.

    Лани во септември владата предложи реформи за подобрување на финансиската децентрализација на општините со кои требаше да се подобри состојбата, но измените на одделни закони кои требаше да го овозможат тоа заглавија во Собранието.

    Реформата, како што соопштија од владата лани во септември, се состои од три столба: зголемување на фискалниот капацитет на општините и зголемување на приходите на општините, зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење и зголемена транспарентност и отчетност.

    Фискалниот капацитет требаше да се зголеми со измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Тој иако е во собраниска расправа и по половина година не е донесен. Со тоа на општините им се скратија добар дел од парите кои би ги имале на располагање бидејќи беше планирано да почне да се применува од годинава.

    Од владата велат дека законот е заглавен во собранието бидејќи подолг период се блокираше неговата работа.

    Пратениците, пак, велат дека законот веќе ја поминал комисиската расправа и треба да помине на пленарна седница.

    – Законот е во процедура. Помина на комисија и сега е на пленарна седница. Потоа пак треба да од на комисија за финансирање и буџет за амандманска расправа – вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

    Тој објаснува дека во септември поради локалните избори претседателот на комисијата за финансирање и буџет, Тимчо Муцунски не го ставил на дневен ред, но по изборите веќе е почната процедурата за негово донесување.

    Митревски вели дека има закони кои не се донесени повече од 2 години.

    -За општините е важен и законот за задолжување во вредност од 37 милиони евра. Тој е во процедура 1,5 година. тогаш опозицијата го блокираше со незакажување седница на комисијата. Сега со промена на локалната власт се надевам ќе можеме да го доенсеме  бидејќи е добар за општините – вели тој.

    Со предложените измени, како што образложија од владата, требаше да се подобрат фискалниот капацитет и да се зголемат приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, со цел поголема финансиска самостојност и стабилност на единиците на локалната самоуправа.

    Законот предвидува постепено зголемување на приходите од личниот данок на доход од 3 на 6 отсто до 2024 година, односно процентот за 2022 година да изнесува 4 отсто, за 2023 година 5 отсто и за 2024 година 6 отсто.

    Дополнително во Законот се предлагаат и измени за постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ од 4,5 на 6 отсто до 2024 година. Во 2022 година требаше да изнесува 5 отсто и во 2023 година 5,5 отсто.

    М

    Средствата според планот требаше да се распределуваат во три фонда и тоа: Основен фонд 4,5 отсто од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година и во Фондот за перформанси и Фондот за изедначување по 0,75 отсто од наплатениот данок на додадена вредност остварен во претходната фискална година.

    За годинава, од кога требаше да почне постепеното зголемување на средствата предвидени за општините, во Фондот за перформанси и во Фондот за изедначување ќе се распределат по 0,25 отсто, додека во Основниот фонд 4,5 отсто. Потоа, во 2023 година, кога приходите од ДДВ ќе се искачат на 5,5 отсто од наплатениот данок на додадена вредност остварен претходната фискална година, во Фондот за перформанси и Фондот за изедначување ќе се распределат по 0,5 отсто, соодветно, додека во Основниот 4,5 отсто.

    Пресметките на владата беа дека на тој начин општините до 2024 година ќе добијат 1,7 милијарди денари повеќе средства.

    – Согласно проекциите со предвидените 3 отсто од данокот на личен доход средствата за општините сега изнесуваат 600 милиони денари. Дополнителните 3 отсто, согласно фискалната стратегија и планираните приходи, во 2024 година средствата за општините ќе изнесуваат 1,562 милијарди денари, односно 781 милион денари повеќе. По основ на дотација од ДДВ во 2024 година со 4,5 отсто предвидени се 2,8 милијарди денари, додека со 6 отсто ќе добијат 3,7 милијарди денари. Тоа е една милијарда денари повеќе. Вкупниот ефект во 2024 година ќе биде 1,7 милијарда денари повеќе пари за општините на годишно ниво – напиша во една колумна министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Професорот Трајко Славевски вели дека предлогот за зголемување на процентот што државата би требало да го издвојува од персоналниот данок и од данокот на додадена вредност е барање на општините подолг период.

    – Предложениот процент во сегашни услови е доволен и во услови на енергетската криза буџетот на државата би можел да го издржи. Но потоа мора да се размислува за зголемување на процентот со цел да се подобри финансиската состојба на општините – вели Славевски.

    Реформата предвидува и активности во насока на зголемување на финансиската дисциплина и ефикасност, намалување и репрограмирање на доспеаните, а ненамирени обврски и издавање на структурна обврзница од страна на министерството за финансии.

    Како новост беше најавено дека финансиска недисциплина ќе се прогласува по сила на закон, со исполнување на критериумите за настанување на финансиската дисциплина.

    Од владата велат дека идејата не е да се блокираат општините, туку тие ќе имаат на располагање три инструменти, односно можност за користење на условен кредит (standby) од Министерство за финансии, издавање општинска обврзница за познат купувач и издавање структурна обврзница.

    Во насока на зголемување на финансиската дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење, со реформата предвидени мерки за реално планирање на приходите и расходите на општините, рационализација во работењето и намалување на непотребните расходи, редовно сервисирање на обврските, поголема финансиска дисциплина, процедури за прогласување финансиска нестабилност, издавање општински обврзници и анализа на постојните обврски на општините и јавните претпријатија. Исто така, во насока на зајакнување на фискалната одговорност на општините со законските измени се очекува и зголемување на транспарентноста на работењето на општините.

    Издавањето на обврзници кое го имаат како можност општините и сега, вели Славевски, е можност на општините за финансирање на одделни проекти, но таа е зависна од кредитната способност на општините која е различна од општина до општина.

    – Со оглед на енергетската криза нереално би било да се очекува општините да имаат можност сега да пристапат до финансискиот пазар за обврзници – вели тој.

    Покрај парите што ги добиваат од државата преку процент од даноците и дотациите општините обезбедуваат и сопствени преиходи преку локални даноци, такси и надоместоци. На располагање им стојат: данокот на имот;  на наследство и подарок утврден со закон; на промет на недвижности; како и други локални даноци утврдени со закон потоа комунални и административни такси и надоместоци за уредување на градежно земјиште; од комунална дејност; просторни и урбанистички планови. Општините остваруваат и приходи од сопственост: приходи од закупнина; од камати; од продажба на имот со чија продажба не се нарушуваат јавните функции и надлежности на општините како и приходи од донации, од парични казни утврдени со закон и од самопридонес.

    Од Буџетот на државата и од буџетите на фондовите се распределуваат и дотации: приходи од данок на додадена вредност; наменска дотација; капитална дотација; блок дотација и дотација за делегирана надлежност.

    Фото: MIA

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img