Симбол на блискост меѓу Македонија и Црна Гора

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На вториот ден од официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски денеска во Бар присуствуваше на поставувањето на спомен-плочата на Владимир и Косара, која е изработена во Северна Македонија, во чест на македонско-црногорското пријателство.

Претседателот Пендаровски посочи дека поставувањето на ова спомен обележје претставува симбол на блискост и културно-историската врска помеѓу Северна Македонија и Црна Гора, и се реализира на иницијатива на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на Црногорците во Република Северна Македонија.

Плочата е во спомен на ликот на црногорскиот кнез Владимир, неговата храброст и човечките идеали, како и легендата за неговата љубов со македонската принцеза Косара, ќерката на цар Самоил, која е опеана во „Летописот на попот Дукљанин“.

Спомен-плочата е изработена од страна на македонскиот скулптор Томе Аџиевски и е поставена во Бар, каде најмногу се негува култот кон кнезот Владимир, кој се смета за заштитник на градот.

Легендата за трагичната смрт на кнезот Владимир  и принцезата Косара, ќерка на македонскиот цар Самоил се смета за една од најубавите европски легенди. Се случила во 11 век и се темели на вистински и митски настани. Во војната со македонскиот цар кнезот Владимир бил заробен и однесен во Преспа во затвор. Таму го видела самоиловата ќерка Косара која се заљубила во него и побарала од татка си да се омажи за него, а во спротивно ќе скокне во езеро. Набрзо следела венчавка, а двајцата живееле во близина на манастирот Пречиста Краинска на Скадарското Езеро. Подоцна по смртта на Самоил, Владимир бил убиен со измама од неговиот наследник Владислав, а Косара по неговата смрт се повлекла во манастир и се замонашила. После нејзината смрт по нејзина желба била закопана крај нејзиниот сопруг кнез Владимир. Кнезот Владимир поради неговата богоугодност и христијански живот е прогласен за светец. Според православниот календар свети Јован Владимир се одбележува секоја година на 22 мај, а неговиот култ е цврсто втемелен во Бар, каде се смета за заштитник на градот.

Плочата е поставена на плоштадот „Владимир и Косара“ кој е во фаза на реконструкција и наскоро треба да биде завршен.

Share This Article