Силно невреме со пороен дожд предизвика големи поплави во Анкара, а најмалку еден човек загинал, јавуваат турските медиуми.
Според локалните власти, спасувачите го пронашле телото на 27-годишен маж кој работел како возач на автобус.
Турското Министерство за внатрешни работи претходно соопшти дека едно лице се води како исчезнато.
Градоначалникот на Анкара, Менсур Јавас на Твитер објави дека од поплавата се спасени 35 луѓе кои биле во животна опасност.