Силно невреме попладнево ја погоди Војводина. Град со големина на лешник уништи фасади и поплави куќи и улици.
Жителите на Бачка Паланка останаа без струја.Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно во текот на денот издаде предупредување за невремето.
Од видеата и фотографиите кои се шират на социјалните мрежи може да се види дека обилните врнежи предизвикаа порои низ улиците и во домовите
Се појави и видео од поплавената гимназија Бачка Паланка.Силната бура која денеска беше забележана на североистокот на Босна се пресели во Војводина и се движи понатаму кон Романија.