Силно невреме ја зафати Албанија,Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза улици преполни со вода,искршени кровови,паднати дрва

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Невреме проследено со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и град, погоди синоќа поголем дел од Албанија.

Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза, каде што улиците беа преполни со вода, која навлегла во подрумски простории, има искршени гранки од дрвја, паднати делови од покриви, уништени земјоделски посеви, објавија медиумите.

Во повеќе области има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради искинати електропроводници.

Поради силното невреме полицијата упати повик до жителите на Тирана до раните утрински часови да не излегуваат од своите домови, а за итна потреба да се јават на телефонскиот број 112, објавувајќи и видеозапис од невремето на страната на Фејсбук.

Од Агенцијата за државни патишта апелираат на внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација поради влажните коловози и одрони на дел од нив.

Според медиумите обилните дождови ги изгаснале десетината пожари, меѓу нив и оној во планинскиот предел над Булќиза кој беснееше со денови.

Share This Article