More

    Силно невреме и поплави го погодија северот на Филипините, две лица загинаа, наставата прекината

    spot_img

    Наставата и работата на институциите во Манила денеска беа прекинати поради поплавите предизвикани од силното невреме на северот на Филипините.

    Две лица загинаа во невреме во градот Нага.

    Илјадници луѓе беа предупредени да се подготват за евакуација.

    Ветровите од тропската бура Јаги денеска дуваа со брзина од 115 километри на час североисточно од градот Инфанта во провинцијата Кезон, соопшти метеоролошката служба. Невремето полека се движи кон регионот Лузон, каде властите предупредија на можни поројни поплави и лизгање на земјиштето.

    Поморскиот сообраќај беше привремено во прекин во неколку пристаништа погодени од невремето, кое остави околу 2.200 патници блокирани на траекти, а неколку десетици летови во земјата беа прекинати поради невремето.

    Околу 20 тајфуни и бури ги погодуваат Филипините секоја година. Архипелагот се наоѓа во „Пацифичкиот огнен прстен“, каде што спојувањето на континенталните тектонски плочи предизвикува голема вулканска и сеизмичка активност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img