More

    Силно невреме го зафати Скопје

    spot_img

    Силно невреме пред 16 часот го зафати главниот град Скопје.

    Невремето беше проследено со силен ветер, интензивни електрични празнења и со пороен дожд.

    УХМР непосредно пред невремето издаде предупредување дека дел од фронтален систем придружен со поголема облачна и нестабилна маса се движи од Полошкиот регион кон исток, па се очекува во следниот половина час до час да ги зафати Скопскиот и Кумановскиот регион.

    Според информации од социјалните мрежи, во некои делови од градот имало поплави, паднати дрвја и оштетени улици. Во некои населби паѓал град со големина на орев.

    „Нова Македонија“ објави дека дрво паднало во близина на Транспортниот центар на улица Симеон Кавракиров, во населбата Аеродром.

    Медиуми објавуваат дека дрво во населбата Мичурин паднало врз автомобили, а настрадало и возило во движење.

    Според податоците од УХМР, до крајот на денот и во текот на ноќта во земјава времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img