More

    Силни горештини во САД: во Феникс температурите надминаа 44 степени Целзиусови

    spot_img

    Градот Феникс во американската сојузна држава Аризона во неделата го помина 31-от последователен ден кога температурите достигнаа 43 степени Целзиусови, а поради сушата и жештините покрај неколкуте помали, во Калифорнија се проширија два големи пожари. Шумските пожари се уште ја пустошат Канада, каде во неделата се прошири еден од пожарите од САД.

    Националната метеоролошка служба на САД објави дека температурите во Феникс во неделата надминале 44 степени, а рекордите на топлина паѓаат и во другите делови на југоисточниот дел на САД, од Тексас, Ново Мексико, Аризона и Невада до Калифорнија, во историскиот топлотен бран. Во меѓувреме, пократкиот топлотен бран кој траеше три дена заврши во неделата во североисточниот дел на САД.

    Во Калифорнија пожарот, кој го доби името Јорк, брзо се прошири во неделата и гори од петокот во област во близина на границата со Невада јужно од Лас Вегас, пренесоа американските медиуми. Пожарникарите подоцна објавија дека пожарот е надвор од контрола и се проширил преку границата во Невада.

    Истовремено, ветерот со силни налети кои го менуваат правецот, им прави големи проблеми на пожарникарите. Пламените јазици, кои на некои места достигнуваат висина од шест метри, досега уништија 284 квадратни километри пустински грмушки и кактуси од дрвото Џошуа.

    Во Канада изгореа три отсто од шумата
    Во Канада, пак, шумските пожари досега изгореа 12,5 милиони хектари, што е околу три отсто од шумите во земјата. Според официјалните податоци на канадската влада, вкупно има повеќе од илјада пожари, досега тие ги однесоа животите на тројца пожарникари и предизвикаа евакуација на 120.000 луѓе.

    Покрај тоа, во неделата, пожар се прошири преку државната граница од американската сојузна држава Вашингтон до канадската провинција Британска Колумбија, кој досега изгоре околу 3.000 хектари земјиште во САД. Во Канада, како резултат на тоа, луѓето беа евакуирани од 700 домови во загрозените области.

    Пожарникарите не можат да ги изгаснат пожарите во Канада, можат само да се обидат да ги ограничат, а сè повеќе им помагаат и нивните американски колеги. Чадот предизвикан од шумските пожари во Канада неколку пати во последните неколку недели стигнува и до северниот дел на САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img