Силјановска Давковa: Ќе ја направам Македонија горда на Уставниот суд

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Изборниот караван на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа митинг и во Струга.

Во својот говор Силјановска Давкова праша што може да стори претседателот или претседателката за судот?

– Многу … Има таму еден орган кој што се нарекува Судски совет, ама повеќе е партиско или политичко тело одошто е независно судско тело кое треба да внимава за квалитетот на судиите кое треба да ги разрешува судиите кога нема да бидат квалитетни и кога нема да се водат според принципот на уставноста и законитоста. И, замислете! Се сеќавате ли за кого беа врзани сите скандали во ова тело? За претседателката, за потпретседателот, првата беше член на партиската комисија за право на СДСМ, а вториот беше, исто така, член на ДУИ – рече Силјановска Давкова.

Таа вели дека тоа е театар на апсурдот, затоа што наместо граѓаните да имаат страв од таканаречениот Судски совет, кога двајцата претставници на претседателот, на претседателката би биле врв во правната професија, во правната етика, тогаш луѓето би го доживувале судот како бранител на нивните слободи и права.

– Забележете и запомнете, моите претставници во Судскиот совет ќе бидат врвни правници, персонификација на правото и правдата, а не на партиската послушност. Во Уставниот суд треба да седат двајца судии или две судијки, предложени од претседателот, односно од претседателката. Тие треба да бидат врвот во правната професија, да го имаат угледот, да зрачат со достоинство и знаење. Тогаш Македонија ќе биде горда на Уставниот суд кој што во многу држави е еден од најважните фактори на демократизацијата на политичкиот систем – додаде Силјановска Давкова.

Share This Article