Силен земјотрес го погоди италијанскиот јужен регион Молизе, а според првите извештаи на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) бил со јачина од 5,4 степени, но италијанскиот институт за геофизика и вулканологија (INGV) проценил дека бил 4,6 степени.Епицентарот на ноќниот земјотрес бил во Монтагано, во близина на градот Кампобасо на длабочина од околу 23 километри, јави INGV.
Италијанската противпожарна бригада на Твитер објави дека немало барања за спасување и дека засега не е забележана штета.