Силен ветер ја нападна Италија уривајќи дрвја и предизвикувајќи штети

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Силен ветер ја нападна Италија уривајќи дрвја и предизвикувајќи штети. Две лица загинаа од пад на стебло во Тоскана, а четири се повредени во камп во близина на градот Марин ди Маса. Во Фиренца паѓаат обилни дождови, а човек беше повреден од гранка додека бил на пазар. Во Версилија, силни грмотевици предизвикаа штети и однесоа лежалки на крајбрежјето.

Во северниот регион на Лигурија, силни ветрови го погодија брегот меѓу Кјавари и Сестри Леванте, предизвикувајќи проблеми на железничката линија Џенова-Ла Специја, каде што некои куќи на плажа паднаа на шините и оштетија далноводи.

Пет семејства беа евакуирани во блиската област Тигулио откако торнадото ја погоди областа и ги оштети нивните домови.

Италија во моментов е поделена на два дела, со бури од дожд и силен ветер низ северните и централните региони и рекордни високи температури до 45 Целзиусови степени на југ.

Во средата, шумските пожари уништија десетици хектари медитеранска вегетација на јужниот остров Пантелерија, принудувајќи 30 луѓе да ги евакуираат своите домови, загрозени од пламените јазици,пренесе Аваз.

Share This Article