Силен налет на ветрот Југо денеска предизвика излевање на Јадранското Море на бреговите низ Далмација. Морето се излеа на бреговите и ривите во хрватските крајбрежни места, Задар, Сплит, Трогир, Шибеник, Каштела, Брач, Чиово и Хвар.
Обилните врнежи што ги зафатија Австрија и Словенија, а потоа се спуштија и во Хрватска денеска предизвикаат значително покачување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава, а се очекува и нагло покачување на водостојот и на помалите притоки, објавија хрватските медиуми.
Поради обилни и интензивни врнежи и грмежи на подрачјето на Горски котар, Лика и на целиот Јадран и неговата внатрешност, и денеска постои можност за поројни и урбани поплави, велат од Хрватске вода.
Како што пренесува RiMeteo, местото Фужине во Горски Котар побеле поради количеството град што наврна денеска.