Сиљановска-Давкова порача веднаш да се препрочита Законот за управување со кризи

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Кога ќе престанат огновите и пожарите, веднаш да седнеме, да не чекаме да дојде следното лето, да го препрочитаме Законот за управување со кризи и да ја преиспитаме организацијата внатре“.

Ова денеска го порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова откако ги посети припадниците на Армијата вклучени во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Серта кај неготинското село Калањево.

Таа е уверена во, како што рече, способноста на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, и на неговиот тим, како и во подготвеноста на војниците и на пожарникарите.

– Местото на претседателката како врховна командантка е таму каде што има припадници на војската. Утрово рано ја потпишав Одлуката, верувам во нивната способност зашто секогаш кога било најтешко тие се наоѓале на вистинското место. Сe зголемуваат бројот и можностите за ангажман. Јасно ми е зошто е сонцето на нашето знаме, не е само нашата Република во пламен, сиот Балкан е во пламен – истакна Сиљановска-Давкова.

Според неа, сликите се некогаш подраматични од реалноста.

-Го слушав Стојанче и неговите предупредувања, мирна сум знаејќи дека генералот зад мене ќе ја преземе командата со војниците. Знаеме дека се работи за врвно едуцирани пилоти, не само вешти, туку и пожртвувани и храбри. Се молам да падне дожд, врвен експерт за климатски промени ми рече дека може да очекуваме дожд, не дека тоа ќе ја реши ситуацијата. Но, таму каде е најопасно имаме луѓе – потенцира претседателката.

Претпладнево, со Одлука на Сиљановска – Давкова, ангажирани се дополнителни 200 припадници на Армијата за гаснењето на пожарите, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300. Заедно со досегашните 100 припадници, кои се ангажирани од почетокот на прогласување на кризната состојба, дополнителните сили ќе извршуваат активности на локации каде ќе има потреба и кои ќе им бидат доделени од страна на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции.

– Ангажираните сили и ресурси координирано работат заедно со другите инволвирани субјекти, што се покажува како суштински во борбата за ставање на пожарите под контрола. Во досегашниот период Армијата дејствува со 100 припадници и два армиски хеликоптера МИ-8/17, кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи и со исфрлени повеќе од 150 тони вода и активен ангажман на терен го даваат својот придонес во локализирање на пожарите.

Воедно припадниците од воздухопловниот ВИНГ координираат со налетите на хеликоптерите од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора, информира Генералштабот.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article