Сиљановска Давкова објасни зошто ја одби поканата на Макрон да присуствува на Олимпијадата во Париз

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова нема да присуствува на Олимпијадата во Париз која треба да се одржи на 26 јули, потврдија од нејзиниот кабинет за Плусинфо. Оттаму објаснуваат дека претседателката нема да присуствува од принципиелни причини, сакајќи симболично да укаже на тоа дека државните пари треба да се трошат за поприоритетни цели.

Поттик за ваквата одлука на Гордана Сиљановска Давкова е писмо од професори на Природно-математичкиот факултет, во кое се бара од неа да помогне да се обезбедат достојни услови за учество на македонските натпреварувачи на олимпијадите по математика, физика и други дисциплини.

Претседателата Сиљановска Давкова очекува премиерот, министрите и други официјални лица правилно да ја разберат нејзината порака и симболичен гест.

– Поканета сум од господинот Макрон за да одам на Олимпијадата во Париз и му благодарам. Нема да одам, ќе ви кажам зошто. Убаво е да се биде таму со сите други, да станам кога ќе поминат нашите петмина натпретварувачи. Но, јас добив писмо од врвни професори на Природно-математичкиот Факултет(ПМФ) кои ми велат „ве молиме ако можете некако да помогнете, нашите најдобри натпреварувачи на олимпијадите по математика и по физика да можат пристојно да учествуваат“. Па си велам, јас немам посебни средства, се знае кој е во Министерството за финансии, но убедена сум дека премиерот како професор, министерката за образование како професорка и министерката за финансии како една извонредно умна и квалификувана жена, ќе ги наградат стручноста и компетентноста и дека ќе создадат трајни извори за оние кои нас во светот нè покажуваат во подобра светлина одошто сме – рече Сиљановска Давкова во интервју за Канал 5.

Share This Article