Членовите на Комисијата за помилување денеска ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека колективно се повлекуваат од своите позиции. Одлуката за колективна оставка е донесена согласно личните и професионални принципи на членовите на комисијата, соопштија од Кабинетот на претседателката.
Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.
Според најавите од Кабинетот, претседателката во наредниот период ќе спроведе консултации за избор на нов состав на Комисијата за помилување. Притоа, ќе бидат разгледани и можните институционални и законски слабости во системот на помилување.