Три тела на неидентификувани лица, се пронајдени по пожар во семејна куќа во Сараево, Босна и Херцеговина, потврди денеска портпаролката на Обвинителството на кантонот Сараево, Азра Бавчиќ.
Пожар избувна во семејна куќа во Сараево синоќа по, како што јавија сараевските медиуми, експлозија која се слушнала и траела со часови додека не се локализирала.
Според непотврдени информации, на трагедијата во семејниот дом во Сараево и претходел конфликт меѓу двајца браќа. Постариот брат по конфликтот наводно ги убил помалиот брат и неговата сопруга, а потоа ја запалил куќата и починал во пожарот.
Од Обвинителството велат дека повеќе детали ќе се знаат по завршување на истрагата и утврдување на околностите под кои настанал случајот.
Оттаму додаваат дека бидејќи истрагата е во тек, идентитетот на жртвите не е познат.