Американските граѓани сè уште го очекуваат обраќањето на претседателската кандидатка на Демократите Камала Харис по поразот на изборите, додека од нејзиниот тим се осврнуваат на ноќта на изборите.
Според Си-Ен-Ен, блиски извори до кампањата на Харис истакнале дека е потребно време и простор за да се процесуира поразот.
„Ве молиме да ѝ дадете на кампањата на Камала Харис време да ги дефинира своите сили и слабости“, се наведува во изјавата.
Демократската партија го загуби и мнозинството во Сенатот, а сè е поверојатно дека ќе го изгуби и во Претставничкиот дом.
Освен честитката од Камала Харис, Трамп ја чека и честитката од рускиот лидер Владимир Путин. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков утринава изјави дека не знае дали воопшто ќе има такво нешто со оглед на фактот дека, според Москва, САД се непријателска земја вовлечена во војна со Русија.