More

    Си Џинпинг изјави дека безбедноста во земјата е сѐ понеизвесна

    spot_img

    Кина сеопфатно ќе ја зајакне својата воена обука и подготовка за каква било војна, ја цитира државната телевизија CCTV изјавата на кинескиот претседател Си Џинпинг во вторникот, пренесува Ројтерс.

    – Кинеската безбедност е сè понестабилна и неизвесна – изјави Си.

    Зборовите на кинескиот претседател доаѓаат откако минатиот месец тој повика на побрз воен развој, „доверба и сила“ во технологијата и одбрана на кинеските интереси во странство, зголемувајќи ја веројатноста за понатамошен конфликт. Најавата дека Кина ќе се фокусира на подготовка за војна ги поттикнува стравовиве за напад врз островот Тајван.

    Неодамна Си го доби третиот мандат во Комунистичката партија на Кина и ги смени главните раководни лица кои ќе бидат клучни при одобрувањето на одлуката за евентуален напад на Тајван. Аналитичарите сметаат дека Си не смее да ризикува да има противници и кочничари во време кога евентуалната наредба би била издадена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img