Шведските навивачи ќе бидат придружувани од полиција до аеродромот во Брисел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Белгиската полиција организира придружба на навивачите на шведската репрезентација од стадионот Рои Бодуен, до аеродромот пренесува „ Sudinfo“, повикувајќи се на кризниот штаб.

„Напаѓачот изјави дека негови цели биле шведски државјани. Поради тоа, полицијата ќе го следи движењето на шведските навивачи до аеродромот“ – пишува порталот.

Синоќа во близина на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел, каде што се играше квалификацискиот натпревар за Европското првенство П 2024 меѓу Белгија и Шведска, беа убиени двајца навивачи облечени во дресови на шведската репрезентација. Средбата беше прекината од безбедносни причини. Околу 35 илјади луѓе кои дојдоа на натпреварот меѓу репрезентациите на Шведска и Белгија чекаа четири часа за евакуација на стадионот по инцидентот.

Подоцна се дозна дека терористот кој ги нападна фудбалските навивачи во Брисел на белгиските разузнавачки служби им бил познат по радикалните исламски ставови. Полицијата сѐ уште трага по напаѓачот кој е во бегство.

Share This Article