More

    Шведските музичари бараат забрана за учество на Израел на Евровизија поради војната во Газа

    spot_img

    Повеќе од 1.000 шведски музичари ја повикаа Европската радиодифузна унија (ЕБУ) да го исклучи Израел од Изборот за песна на Евровизија поради војната во Газа.

    Во отвореното писмо објавено од шведскиот весник „Афтонбладет“ во понеделникот, уметниците од земјата домаќин на Евровизија, Шведска, истакнаа дека очекуваат организаторот да биде доследен во односот кон земјите кои „ги кршат демократските вредности и човечки права”.

    Наведувајќи го фактот дека на Русија и е забрането да се натпреварува во 2022 година поради војната со Украина, повеќе од 1.000 уметници кои го потпишаа писмото истакнаа дека истиот принцип мора да се примени и за Израел.

    Како одговор на претходните повици, ЕБУ објави дека Израел нема да биде исклучен од натпреварот, велејќи дека сака да го задржи статусот на натпреварот како „аполитичен настан што ја обединува публиката ширум светот преку музиката“.

    Израел започна офанзива во Појасот Газа по прекуграничен напад на Хамас на 7 октомври, при што загинаа најмалку 26.637 Палестинци, а беа ранети 65.387. Се верува дека речиси 1.200 Израелци биле убиени во нападот на Хамас.

    Израелската офанзива остави 85 отсто од населението на Газа внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоците на ОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img