More

    Шведската манекенка Линдблом е осудена на девет дена затворска казна откако беше уапсена поради нарушување на јавниот ред и мир во една продавница во Сплит

    spot_img

    Шведската манекенка Изабела Виола Линдблом е осудена на девет дена затворска казна откако беше уапсена поради нарушување на јавниот ред и мир во една продавница во Сплит, пишува „Далматински портал.хр“.

    Имено, 31-годишната Изабела завршила во притвор откако четири часаво една продавница вознемирувала купувачи, па вработените биле принудени да повикаат полиција. Кога ги здогледала полициските службеници, манекенката почнала да вика, а според пишувањата на „Далматински портал“, таа била уапсена со примена на сила.

    Било утврдено и дека била под дејство на алкохол откако ѝ биле измерени 1,26 промили во крвта, по што објаснила дека пиела џин кој го носела со себе бидејќи „била жедна“.

    Полицијата ја одвела на психијатрија, а оттаму била префрлена на Прекршочниот суд во Загреб и во затвор. Линдблом не сакала да го признае прекршокот, а по сведочењето на полициските службеници била осудена на 9 дена затвор кој веќе го издржала, како и плаќање на трошоците за постапката во износ од 300 куни.

    Изабела се најде во центарот на вниманието откако го окупираше хрватскиот остров Јаз на кој живееше еден месец со кокошки и кучиња, и стана главна тема на мештаните и посетителите кои ги бркала од ова место и се однесувала како островот да е нејзин.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img