Шведската еколошка активистка Грета Тунберг на 24 јули ќе се појави пред суд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шведската еколошка активистка Грета Тунберг на 24 јули ќе се појави пред суд, поради „непослушност кон полицијата“ за време на протест, објави шведското обвинителство.

Тунберг (20) на 19 јуни заедно со група млади демонстранти блокираа танкери со нафта во Малме. Таа одби да го напушти протестот кога тоа беше наредено од полицијата. За тоа таа би можела да биде казнета со шест месеци затвор или парична казна.

Тунберг и тројца демонстранти на групата „Поврати ја иднината“ шест дена го блокираа пристаништето во Малме, барајќи мерки против климатската криза.

„Климатската криза веќе е прашање на живот и смрт за безброј луѓе, напиша Тунберг на Инстаграм кога се приклучи на протестот.

Share This Article