Прашањето за ратификацијата на кандидатурата за членство на Шведска во НАТО може да се најде на дневен ред дури на крајот на февруари освен ако не се закаже вонредна седница. Претседателот на унгарскиот парламент Лазло Ковер кој доаѓа од партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан во четвртокот рече дека нема итност во одобрувањето на кандидатурата за членство на Шведска во НАТО, јави Ројтерс.
Унгарскиот премер Виктор Орбан неодамна го извести генсекот на НАТО Јенс Столтенберг дека унгарската влада нема ништо против членството на Шведска во НАТО, откако претходно го повика шведскиот премиер Улф Кристерсон на преговори во врска со членството. Шведскиот премиер ја прифати понудата.
Медиумите пишуваат дека долго најавуваното вето на Унгарија за Шведска можеби и нема да се случи.
Откако Турција го го ратификуваше членството на Шведска во НАТО одобрувањето на Унгарија останува последен чекор. И официјално законот беше објавен во турскиот службен весник заедно со претседателскиот декрет.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја условуваше ратификацијата со купување на воени авиони Ф-16 од САД и беше неизвесно кога изгласаниот закон ќе биде објавен во службениот вессник на земјата заедно со претседателски декрет за одобрување на протоколот за пристапување на Стокхолм во Алијансата.
Вчера беше најавено дека американскиот претседател Џо Бајден го известил Конгресот постапката за продажба на авионите да биде отпочната без одлагање. Некои од америанските пратеници го условуваа одобрувањето на продажбата со потписот на Ердоган на законот за ратификација и излегувањето на законот во службениот весник.
Финска, од друга страна, стана31-ва членка на НАТО во април. Со тоа земјата веќе не е воено неутрална.