Шведската пејачка Лорин со песната Tattoo е победник на овогодинешната Евровизија одржана во Ливерпул. Лорин освои 583 поени врз основа на гласовите на публиката и жирито од 37 европски земји и Австралија. Ова е нејзин втор настап и втора победа на Евровизија, по 2012 година.