More

    (Факсимили) Министерство за здравство Фатмир Меџити постана „Барон Минхаузен“,поголем од неговиот претходник Беким Сали,го претворил здарвството во партиско здравство!?

    spot_img

    Министерот за здравство Фатмир Меџити,од добар лекар постана добар лажго,тоа едиснтвениот заклучок по неговото гостување на ТОП Тема на ТВ Телма.

    Меџити во своето интервју на Топ тема на ТВ Телма ќе истакне:

    „  Ако е добар менаџер треба да остане 30 години, ако е добра главна сестра да си остане и да не се менува, ако е добра главна сестра да си остане и да не се менува “!!!

    Меџити се фати за политика и веднаш започна да шири лаги и дезинформаци ?Редакцијата Охридскај до министерот за здравство Фатмир Меџити на 20 април 2023 година испрати прашања до Меџити , на кој прашања Меџити до ден денешен не дава одговор.

    Прашањата се поврзани со смена на директори веднаш по неговото назначување,имено и покрај тоа што Меџити говори   „Ако е добар менаџер треба да остане 30 години…“,Меџити безобразно ЛАЖЕ.

    Во март месец 2023 година Меџити испраќа контрола од министертвото за здравство во „Центар за јавно здравје“ Охрид.Од извршената контрола,констатирала дека директорот на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид,нема никакви неправилности во работењето и истиот преставува пример како треба да функционира една здравствена организација.

    Но ваквиот записник од извршената контрола не бил доволен Меџити да остави еден успешен менаџер, туку напротив го разрешува директорот на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид ,кој патем имал и менаџерски договор, но глупоста да биде поголема ,за ВД Директор на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид назначува лице Сашо Точков кој во 2021 година бил разрешен од поранешниот министер за здравство Венко Филипче од како контролата од МЗ утврдила незакоснко работење на г-дин Сашо Точков во делот на финасиското работење на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид ,како и во делот со проневера на поголема сума на парични средства од Ковид Тестови,који ковид тестови се наплаќале на приватно,а парите наместо во касата на ЦЈЗ  Охрид завршиле во приватни џебови? Минстерството за здравтсво ,тогаш поднесува и пријава до Јавното обвинителство против лицето С.Т.

    Зошто Меџити ја руши истражната постапка?

    Крајно нејасна е целата на Меџити,дали повторно назначува за раководно лице истиот оној кој бил разрешен и МЗ му поднела кривична пријава,за да може да ги уништи доказите во постапката, да го повтори делото или да влијае на сведоците во постапката, нешто што е и спротивно на Кривичниот законик на РСМ?

    Здравствен образовен циркуз во министерство за здравство!

    Доколку се сеќавате на циркузот со лажниот Лекар од Вевчани, кој патем не доби никаков правен епилог, таквиот циркуз прв пред многу години го започна ново стариот раководен кадар во здравствениот сектор Сашо Точков.Имено Точков долги години како во ЦЈЗ Охрид ,така и пред медиумите се преставуваше како Лекар,се до оној момент во 2020 година кога Охридскај првпат обзнани за лажното преставување на Сашо Точков во јавноста како Лекар.Тогаш Охридскај јавно ја прикажа дипломата на Точков од наводен Технолошко-металуршки факултет во Београд.Доколку внимателно се погледне дипломата ,истата е ЛАЖНА ,но ево и зошто:

    1.Дипломата нема ниту печат,а ниту воден жиг?!

    2.Никаде во светот во ниту една високо образовна установа ,Про Ректор не потпишува дипломи, туку тоа го прави Ректор!?

    3.На самата диплома видно на местото Ректор,некој со пенкало додал ПРО Ректор,нешто што од авион може да се види дека преставува груб фалсификат или кршење на високо образовните правила???

    4.Зошто до ден денешен МЗ не побарало од лицето Сашо Точков да изврши нострификација на дипломата која ја приложил за негово вработување и негово назначување на раководна функција??

    Прилог Диплома на лицето Сашо Точков:

    Се надеваме дека министерот за здравство Меџити ке смогне сила да одговори на поставените прашања?

    С.Денесовски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img