Познатиот холивудски актер на традиционалниот настан дојде со својата партнерка. Облечена во „ирхарче“ и „дирндл“, таа ги воодушеви присутните.
Арнолд Шварценегер дојде на еден од најпознатите пивски настани во светот, Октоберфест во Минхен, придружуван од неговата 28 години помлада партнерка Хедер Милиган. Таа се појави облечена во облека која се однесуваше на традиционалната баварска носија. „Шварци“ бил облечен во кожна јакна и панталони, таканаречени „ирхарце“ и црна маица, а на нозете имал црни чизми до глужд и кафени кожени чевли.
Хедер исто така беше облечена во баварски стил. Нејзиниот свилен фустан со рогови, под кој имаше тантела блуза, силно упатуваше на традиционалниот „дирндл“, костимот на баварските девојки.
Насмеаната двојка среќно позирала со фотографски објектив во толпата обожаватели, а потоа заедно го обиколиле просторот на Октоберфест, пренесува showbuzz.dnevnik.hr.