Штрајкот во ФЗО ставен во мирување

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) се става во мирување, соопшти Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ).

Одлуката, како што информираат, е донесена по денешната седница на Управниот одбор на ФЗО.

„По упатеното барање од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) до Претседателот на Владата на РСМ Талат Џафери, преовлада разумот во Владата и на вчерашната седница, донесе нов заклучок со што ја поништи претходната препорака која беше испратена до Управниот одбор и донесе нова препорака, со која се препорачува вредноста на бодот да остане иста. Со донесената одлука на денешната седница на Управниот одбор на ФЗО, Синдикалната организација при ФЗО членка на Синдикатот на УПОЗ донесе одлука со која штрајкот се става во мирување“, се вели во објавата на Фејсбук.
Од Синдикатот им се заблагодаруваат на сите организации од здравствениот сектор и на разбирањето на граѓаните.

„Битката е добиена, но не и војната, а по 31-ви мај очекуваме одлуката за вредноста на бодот да остане иста, во спротивно штрајкот ќе биде повторно активиран“, пишува во објавата.

За во 14 часот е најавена и прес-конференција на директорите на ФЗО и претстаници на синдикатот.

Share This Article