Штрајк на 11 големи аеродроми во Германија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Патниците кои планираат да летаат во или од 11 големи германски аеродроми денеска ќе мора да се снаоѓаат на друг начин, јави ДПА.

Персоналот за аеродромска безбедност на аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Бремен, Берлин, Лајпциг, Дизелдорф, Келн, Хановер, Штутгарт, Ерфурт и Дрезден почна еднодневен штрајк кој треба да трае до вечерва.

– Синдикатот Верди го почна штрајкот доцна синоќа на аеродромот во Келн/Бон, каде, според Верди, ноќната смена за контрола на патниците не се појавила на работа. Стапката на учество таму беше 100%. Тоа беше успешен почеток на штрајкот – рече портпаролот на синдикатот, Озај Тарим.

Околу 80% од летовите планирани за денеска во Келн/Бон се откажани, соопштено е утрово на веб-страницата на аеродромот. Тарим очекува оваа пропорција да се зголеми во текот на денот.

На аеродромите во Берлин, Хамбург и Штутгарт откажани се сите полетувања. Во Дизелдорф, пак, откажани се само една третина од летовите, а две третини сѐ уште се планирани.

Тарим го критикуваше фактот дека една компанија за обезбедување на аеродромот во Дизелдорф понудила дополнителна исплата од 200 евра (216 долари) за вработените да дојдат на работа и покрај штрајкот. Според него, ваквиот „бонус за кршење на штрајкот“ е провокација.

Во Франкфурт, водечкиот германски авиопревозник Луфтханза планира да спроведе поголем дел од својата програма, вклучително и летови на долги релации. Ќе бидат понудени и летови за трансфер на патници. Сепак, превозникот предупреди дека патниците може да се соочат со подолго време на чекање во транзитната зона.

Според проценките на асоцијацијата на аеродроми АДВ, околу 1.100 летови ќе бидат откажани или одложени. Ова би влијаело на околу 200.000 патници.

Летовите по нормален редослед најверојатно ќе продолжат утре. Следниот штрајк на Верди е токму утре и тоа на на национално ниво во локалниот јавен превоз.

- Advertisement -
Ad image

Аеродромите во јужната германска покраина Баварија, вклучително и во Минхен и Нирнберг, не се засегнати од штрајкот бидејќи безбедносниот персонал таму има работници од јавниот сектор покриени со поинаков синдикален договор.

Луфтханза нуди бесплатна пререзервација за погодените патници до 8 февруари.

Синдикатот Верди го свика штрајкот поради колективните преговори со приватни фирми за воздухопловна безбедност. Синдикатот бара зголемување на платите и други бенефиции за околу 25.000 вработени во обезбедувањето на аеродромите.

- Advertisement -
Ad image

Тарим за ДПА изјави дека работниците се надеваат дека ќе испратат јасен сигнал до работодавците и ќе го зголемат притисокот за отстапки на преговарачката маса.

Синдикатот бара покачувања од 2,80 евра на час. Платите на работните места во воздухопловната безбедност во моментов почнуваат од 20,60 евра на час.

Портпаролот на Здружението на компании за воздухопловна безбедност (БДЛС) рече дека работодавците понудиле зголемување на платите за 4% за оваа година и 3% за следната година, но го отфрлиле барањето на синдикатот.

Германија беше погодена од серија штрајкови на работниците во транспортот во текот на минатата недела.

Повеќедневниот национален штрајк против државната железница Дојче Бан од страна на синдикатот на машиновозачите ГДЛ заврши во понеделникот, додека за утре е закажан посебен еднодневен штрајк на работниците во локалниот јавен транспорт во поголемиот дел од земјата.

Share This Article