Штотуку беше објавено видео на кое се гледа како членовите на Хамас ги ослободуваат првите израелски заробеници. Станува збор за мајка и дете, кои биле заробени од Хамас во еден од претходните напади врз Израел.
Овој гест на Палестинците дава надеж за потенцијална деескалација на конфликтот и евентуално префрлање на преговарачка маса.
Израелскиот министер за енергетика Израел Кац, на социјалните мрежи изјави дека нема да се вклучи „електричен прекинувач, нема да се отвори хидрант за вода и нема да влезе камион со гориво“ додека „киднапираните“ не се ослободат.
Израел го прекина снабдувањето на Појасот Газа по нападите на Хамас во саботата.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека би можел да посредува во мировниот процес, но според Скај Мидл Ист, Израел не е расположен за посредување, а дел од причината е што Израел има интерес од бомбардирањето на ирански цели во Сирија, а токму Русија го контролира тој воздушен простор.
Истовремено, рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров изјави дека Москва побара создавање на Палестинска држава како решение за проблемот.
Од друга стрнаа, иранскиот претседател Ебрахим Раиси телефонски разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во врска со „единството на исламскиот свет“ објавија во средата иранските државни медиуми.
Иранските лидери ги пофалија нападите на Хамас врз Израел, но негираа директна вмешаност. Саудиска Арабија се смета за важен заштитник на Палестинците.