More

    Што вели извештајот на ЕУ за овие две земји?

    spot_img

    Во новиот годишен извештај што ќе биде објавен денеска, Европската комисија оценува дека во Србија е забележано уназадување во делот на заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, истакнувајќи дека некои изјави и постапки на високи српски претставници се во спротивност со надворешната политика на ЕУ.

    „Србија е умерено подготвена во областа на заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика и бележи назадување во извештајниот период, се наведува во извештајот на Комисијата за напредокот во процесот на пристапување во ЕУ, во делот што се однесува на поглавјето 31, јави српската новинска агенција Бета.

    Во извештајот се додава дека усогласеноста со декларациите на високиот претставник и одлуката на Советот за рестриктивните мерки „значително се намали од 64 отсто во 2021 година на 45 отсто во август 2022 година.

    Во извештајот се наведува дека треба да се заврши процесот на приватизација на медиумскиот сектор и да се спроведе усвоената Стратегија за медиуми.

    Комисијата првпат во својот извештај ја споменува државната компанија Телеком и нејзината сопственост во медиумите.

    „Неколку судски случаи и постапки поврзани со Телеком Србија, чијшто мнозински акционер е државата, и приватни компании, во Србија и во странство, се во тек, во контекст на високата концентрација на медиумскиот пазар во Србија, наведува ЕК.

    ЕК констатирала дека по „неиспровоцираната и неоправдана агресија на Русија против Украина, Србија ги продолжила блиските односи со Москва, а некои изјави и постапки на високи функционери биле спротивни од надворешна политика на ЕУ.

    Србија годинава доби лоши оценки и за таканаречените политички критериуми. Иако враќањето на политичкиот плурализам е поздравено, ЕК во својот извештај за Србија истакнува дека политичкиот и медиумскиот пејзаж останува поларизиран и сѐ уште е доминиран од Српската напредна партија и актуелниот претседател.

    Претходната година, според ЕК, нема напредок во дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

    Според ЕК, Владата на Црна Гора и Собранието не успеаја на дело да ја покажат својата посветеност на реформската агенда во однос на Европска Унија.

    „Поларизацијата на политичките тензии и отсуството на ангажман меѓу политичките партии и неуспехот да се изгради консензус за клучните прашања од национален интерес продолжи и доведе до пад на две поделени влади за време на гласањето за недоверба, јави Радио телевизија на Црна Гора (РТЦГ) повикувајќи се на делови од извештајот.

    ЕК наведува дека договорот за Српската православна црква (СПЦ) имал влијание врз политичката атмосфера и предизвикал зголемување на тензиите.

    Во извештајот, Црна Гора доби висок рејтинг во однос на усогласеноста со надворешната политика на ЕУ.

    Сепак, во извештајот се посочува дека односите меѓу Црна Гора и Србија „остануваат предизвик. Исто така, се додава дека двете страни сигнализираат поголема подготвеност за „ресетирање на односите и работа на решавање на отворените прашања.

    Во извештајот се оценува дека Црна Гора постигнала само ограничен напредок во правосудниот систем. Спроведувањето на клучните реформи во правосудството остануваат во застој.

    Во документот се истакнува дека јавниот радиодифузен сервис РТЦГ продолжил да произведува „политички избалансирана и разновидна содржина. Во документот се посочува дека е постигнат само ограничен напредок во борбата против корупцијата и дека минатогодишните комисии за препораки биле „само делумно исполнето од властите во Подгорица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img