More

    Што треба да прават Европејците при војна со Русија?

    spot_img

    Луѓето кои живеат во Европската унија треба да складираат залихи за итни случаи во случај на избувнување војна или друга голема вонредна состојба, се советува во извештај од 165 страници кој бил претставен на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пишува Њузвик.

    Поконкретно, извештајот вели дека ЕУ треба да ги советува домаќинствата да бидат подготвени да бидат самодоволни минимум 72 часа во случај на вонредна состојба.

    Иако во текстот не се наведува руската агресија како единствена можна закана, таа е спомената како главна опасност.

    Извештајот забележува дека ЕУ не била подготвена ниту за пандемијата ковид-19, ниту за руската агресија против Украина и дека треба да премине „од реактивност на проактивна подготвеност“.

    „Немаме јасен план за тоа што ќе направи ЕУ во случај на вооружена агресија против некоја земја-членка. Заканата од војна што ја претставува Русија за европските безбедносни сили нè принудува да го разгледаме ова како централен дел од нашата подготвеност, без да ја поткопуваме работата за подготовка за други големи закани“, се вели во извештајот.

    Во објавениот текст се предлагаат и други мерки ширум ЕУ, а најмалку 20 отсто од вкупниот буџет на блокот да биде распределен за зајакнување на безбедноста и подготвеноста за кризи.

    Текстот исто така предлага план за поголема размена на разузнавачки информации меѓу земјите на ЕУ.

    Извештајот кој го напиша поранешниот фински претседател Саули Ниинисто во својство на специјален совеик на ЕК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img