Што стори нашата претставничка на Евровизија?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Скандалозно поведение на нашата претставничка на Евровизија, Андреа Коевска? Гаф? Неснаоѓање?

Видеото на ТВ21 од една фотосесија на нашата Андреа, за жал, не остава многу простор за двоумење.

Откако прво се слика со македонското знаме, државниот симбол на земјата што ја претставува на Евровизија, таа буквално го фрла знамето на земја, за да се фотографира без него.

Разбирливо е ако од неа е побарано да се фотографира и без знамето, но немало ли начин некој да пријде и достоинствено да го преземе, а не Андреа вака да го џитка?

На Андреа сите ѝ посакуваат успех, но од македонската делегација се бара и објаснување и одговорност за овој крајно непристоен и скандалозен гест.

Share This Article