Кралицата на поп музиката Мадона ги избриша сите свои објави од Инстаграм.
Во текот на ноќта Мадона избриша повеќе од 5.000 објави кои претходно ги поставила на Инстаграм.
Некои од нејзините колеги претходно го користеа истиот принцип кога се подготвуваа да најават нова турнеја или албум.
Обожавателите се убедени дека Мадона овој пат го прави истото, но има и такви кои се скептични, па се прашуваат дали кралицата на попот решила да ги избрише своите бизарни фотографии со кои претходно шокираше голем дел од јавноста.
Мадона, кога станува збор за музиката, изминатиот период објавува ремикси од своите стари хитови.