Поранешната зајачица на „Плејбој“ и актерка Кармен Електра (51) стекна светска слава во 90-тите со улогата во серијата „Чувари на плажата“. Тогаш ја доби ласкавата титула секс-симбол, која гордо ја носи и денес.
Меѓутоа, неодамнешните фотографии од странските медиуми ја кажуваат својата приказна.
Голем број обожаватели на поранешната зајачица се шокираа од глетката, бидејќи Карменво јавноста се појави во тренирка, маица со принт на бендот „Ганс енд роузес“, што е невообичаено за неа – секогаш е средена, од глава до пети.
Тогаш корисниците на социјалните мрежи почнаа да шпекулираат дека Електра се соочува со приватни проблеми и дека нејзините фотографии на Инстаграм и оние од медиумите се од два различни света. Кармен на фотографиите прави некои гримаси, со загрижено лице, додека седи на скали.
Да потсетиме, Кармен Електра неодамна објави фотографии на Инстаграм во розови стајлинзи и со тоа предизвика лавина позитивни коментари на интернет.
ФОТО: Инстаграм